logo
logo
logo

„Дали Пивофест ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА?“

Vecer | 19.07.2021

„Дали Пивофест ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА?“

Традиционално, првиот викенд после празникот Петровден, во градот под Марковите Кули се случуваше најголемиот настан во историјата на градот и Македонија -Пивофест. Фестивал за кој немаше бариери, рушејќи рекорди невообичаени за Македонија, фестивал кој за 4 дена со над 350.000 гости во просек влезе во картата на Светските фестивали за пиво… и стана еден од најпрепознатливите туристички брендови во овој дел на Европа, пишува Марјан Ристески екс градоначалникот на Прилеп.

Тој вели дека во градот и Македонија тие фестивалски денови се слеваа гости од целиот свет, а градот неколку месеци пред тоа се спремаше за прием на истите.

- Нашите иселеници секогаш планираа годишниот одмор да им се поклопи овие денови со пивофестот. Градот денови и недели беше преполн со гости, а хотелите и приватните сместувања беа резервирани неколку месеци претходниот. Еуфоријата траеше пред фестивалот, но и по него, со анализи, впечатоци и очекувања за наредниот.  Економскиот бенефит беше огромен за градот и чаршијата, а на сите балкански музички ѕвезди и пошироко им беше престиж да се пофалат дека биле дел од овој фестивал, рушејќи рекорди во нивните кариери по број на посетеност на нивните концерт, потенцира Ристески.

Ристески додава дека музика имаше за сите вкусови, но и рекорди во испиено пиво и изедена скара, а многу млади луѓе со ангажманот на пивофестот зарабoтуваа сопствен буџет за одмор, школување, прошетка, и слично.

- Пиварите имаа одлична промоција на своите пива и новитети на преубавите штандови, но и многу пропратни манифестации кои ги носеше самиот фестивал: aлтернативни бини, кампинг, модни ревии, промоции, семинари, натпревари, бинго, лотарија, хостеси, жонглери, огномети, пивски точак и воз, запросувања, прошетки на културно историски знаменитости, манастири и сл… едноставно фестивалот беше обвиен со магична еуфорија. ПИВОФЕСТ го правеше Прилеп и Македонија центар на Балканот тие денови, додава Ристески.

Тој пишува дека по примерот на прилепскиот ПИВОФЕСТ многу градови во Македонија поучени од огромната посетеност и промоција почнаа да прават свои фестивали, но никогаш не го достигнаа…поточно пивофестот беше еден и единствен-пионер во развојот на една нова и сеуште непозната туристичка гранка во државава-фестивалски туризам!!!

- П.С. Традицијата и убавите работи треба да се продолжуваат и надоградуваат, а не да се забораваат и уништуваат, тоа не е коректно за сегашните и идни генерации! Пивофестот ќе ги надживее сите, па и овие, вели тој и додава:

П.С. Потсетување кои се големи музички имиња биле дел од Пивофест: Македонски: Есма, Кирил Џајкоски, Влатко Стефановски, Суперхикс, Каролина Гочева, Кајмакоски, Слаткаристика, Драган Мијалковски, Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Гоце Арнаудов, Ареа, Ефто Пупиноски, Миле Кузмановски, Тијана, Тамара, Калиопи, Сузана Спасовска, Сroassroad blues band, ДНК, Блага Петреска, Нокаут, Владо Јаневски, Синтезис, Фолтин, Баклава, Влатко Илиевски, Сузана Спасовска, Игор Џамбазов,Елена Велевска,Гавазова…..

Балкански: Бреговиќ, Чолиќ, Цеца, Брена, Северина, Оливер Драгојевиќ, Џиновиќ, Емина Јаховиќ, Џеј, Бешлиќ, Лукас, Ковачевиќ, Д.Мерлин, Мартиновиќ, Цетински, Ван гог, Психомодопоп, Сарс, Дубиоза, Колектив, Ж.Самарџиќ, М.Илиќ, Парни Ваљак, Грашо…

Странски:2CELLOS,INNА, Fly project, Nastia Zoloto,Joke,Bang La Deck,Raphael,The Toasters и многу други алтернативни светски бендови и познати DJ…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk