logo
logo
logo

Дали Пендаровски НА НЕВИДЕН ДОГОВОР ГИ ПОТПИША ЗАКОНИТЕ за договорот со Бехтел и Енка?

Vecer | 02.06.2023

Дали Пендаровски НА НЕВИДЕН ДОГОВОР ГИ ПОТПИША ЗАКОНИТЕ за договорот со Бехтел и Енка?

Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша законите поврзани со договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д, кои владејачкото мнозинство ги донесе по скратен пат со европско знаменце и покрај реакциите од ЕУ, евроамбасадорот, експертската јавност и опозицијата дека тоа е злоупотреба и овие закони немаат врска со европскит регулативи.

Пендаровски соопшти дека одлуката да ги потпише ја донел по консултација со правниот тим, но се поставува прашање дали тој го видел договорот или законите ги потпиша на невиден договор.

Вчера вицепремиерот Артан Груби, откако ДКСК се пожали дека не добиле целосен, договор, напомена дека никој, освен Јавното обвинителство го нема добиено Договорот за изградба на коридорите.

„Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување. Целосната верзија од договороте доставена само со Јавното обвинителство“, изјави Груби.

Во образоложението, шефот на државата рече дека по консултациите што ги направил со правните експерти се убедил во уставнота на законските содржини, па дури и за најспорниот за работни односи. за Пендаровски било доволно што во него ја немало формулацијата 60 часовна работна недела“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk