logo
logo
logo

Дали Коцевски ја компромитираше акцијата на МВР за апсење на 7 полицајци, ПО ЕДЕН СЕ УШТЕ СЕ ТРАГА?

Vecer | 16.04.2025

Дали Коцевски ја компромитираше акцијата на МВР за апсење на 7 полицајци, ПО ЕДЕН СЕ УШТЕ СЕ ТРАГА?

По еден од осомничените полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани полицијата сѐ уште трага. Акцијата на МВР е во тек. Синоќа јавниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето на ТВ Телма соопшти дека во тек била полициска акција за приведување на нови седум полицајци како дел од истрагата за трагедијата во Кочани.

 По полицаец од Штип сѐ уште се трага, објави МКД. 

Вчера МВР по налог на МВР спроведе акција за приведување на седум полицајци кои се сомничат за несовесно работење и злоупотреби. Шефот на јавното обвинителство Коцевски информацијата за полициската акција ја објави додека акцијата сѐ уште траела. Како што дознаваме, од МВР овој негов потег го оценија како компромитирачки за нивната акција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk