logo
logo
logo

Дали ќе има ПОЛИЦИСКИ ЧАС и рестрикции за ВЕРСКИТЕ ПРАЗНИЦИ?

Vecer | 22.04.2021

Дали ќе има ПОЛИЦИСКИ ЧАС и рестрикции за ВЕРСКИТЕ ПРАЗНИЦИ?

Од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период, ќе зависи какви ќе бидат мерките за време на претстојните верски празници односно дали икаков полициски час ќе имаме.

Министерот за здравство Венко Филипче за Сител изјави дека таквата одлука ќе се оси во текот на следната недела.

Следната недела ќе одлучиме дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници, рече министерот за здравство, Венко Филипче, во вчерашното гостување на „Сител“.

Филипче нагласи дека состојбата се стабилизира и спласнува притисокот врз болниците, иако голем дел од одделенијата кои примаат ковид пациенти не се целосно ослободени поради тоа што сè уште има голем број на дијагностицирани пациенти кои поради карактеристиките на болеста и подоцнежното влошување на состојбата, постои можност да побараат медицинска помош во следниот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk