logo
logo
logo

Дали ќе има парно? БЕГ ИМА СРЕДСТВА ЗА ГАС ДО УТРЕ, бара владата времено да ја преземе компанијата

Vecer | 13.01.2022

Дали ќе има парно? БЕГ ИМА СРЕДСТВА ЗА ГАС ДО УТРЕ, бара владата времено да ја преземе компанијата

Дали скопјани ќе останат без парно греење? Од БЕГ велат дека немаат повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифата за производство на топлинска енергија и потенцираат дека нема да можат да продолжат со производство на топлина.

- Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (ПТБЕ) во тековната грејна сезона при тешка енергетска криза успешно се справуваше со предизвикот да обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа .  Во четвртиот квартал во 2021 година и покрај големиот раст на цената на природниот гас на слободниот пазар, компанијата успеа да ги амортизира пазарните ризици и обезбеди растот на цените на гасот на берзите да не со одрази врз цената на топлината која се испорачува на корисниците. На тој начин потрошувачите во првиот дел од грејната сезона воопшто не ги почувствуваа последиците од енергетската криза, велат од БЕГ.

Од компанијата додаваат дека енергетската криза продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите која директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата.

- Одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната Комисија за Енергетика покрива незначителен дел од овие зголемени трошоци. Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец Јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, се уште не е најдено решение за овој горлив проблем, велат тие.

Додаваат дека во меѓувреме од почетокот на грејната сезона ПТБЕ самостојно од своите ограниени тековни средства и приливи ја финансирала набавката на природниот гас.

- Цената на гасот за месец Јануари 2022 година согласно договорот со добавувачот на природена гас е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ од дополнителни 5 милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден, посочуваат од БЕГ.

- Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топлина, стои во соопштението.

Тие велат дека за да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложиле Владата да ја преземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk