logo
logo
logo

Дали капитенот ПАНДЕВ СИ ГО КАЖА СВОЕТО за дресот? Објави фотографија со СТАРИОТ СО СОНЦЕ

Vecer | 28.05.2021

Дали капитенот ПАНДЕВ СИ ГО КАЖА СВОЕТО за дресот? Објави фотографија со СТАРИОТ СО СОНЦЕ

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев на Инстаграм објави фотографија со стариот дрес на кој го има македонското знаме, истиот ден откако ФФМ го промовираше новиот дрес за Европското кој наиде на негодувања и не им се допадна на поголемиот број на граѓани.

Имено, Фудбалската федерација на Македонија го промовираше дресот за претстојното Европско првенство. Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски први ги видоа дресовите со кои Македонија ќе настапи на првото историски настап на големите натпреварувања. Претставвуањето беше направено на забавен начин.

На репрезентативците им беа покажани лажни дресови со рачно испишани имиња, па по нивната реакција, ги видоа вистинските, кои им се допаднаа.

Но, потоа следеа бурни реакции, граѓаните реагираа дека овој дрес не ја претставува Македонија, ги нема македонските бои, и дека дури наликува како да е од Албанија.

Не, знаеме дали фотографијата на Пандев е како реакција на дресот за Европско, но граѓаните велат дека капитенот си го кажа своето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk