logo
logo
logo

Д-р Пановски

Дали имаме колективен имунитет, ЌЕ ПОКАЖАТ СВАДБИТЕ

Vecer | 03.06.2021

Дали имаме колективен имунитет, ЌЕ ПОКАЖАТ СВАДБИТЕ

Свадбите ќе покажат дали имаме колективен имунитет вели микробилогот д-р Никола Пановски.

Според него треба да се зависи од совеста на луѓето, но предупредува граѓаните да се држат до протоколите.

- Треба да се внимава на хигиена на рацете, да не се користи ист прибор, посебно внимание треба при посета на тоалетите, во тие случаи треба да се носи маска. Се останато е на совеста на гостите, дали ќе се прегрнуваат, бакнуваат, итн. Се разбира дека и алкохолот ќе влијае на попуштање на дисциплината. Во секој случај ова ќе биде проверка колкав е нашиот колективен имунитет, вели Пановски во изјава за „Локално“.

Инаку, владата вчера ги објави правилата по кои ќе треба да се организира една свадба. Според протоколот, на една маса ќе биде дозволено да седат по шест лица. Бројот на гости ќе се ограничи на 50% од капацитетот на објектот, но не повеќе од 100 лица. На влез задолжително ќе се мери температура.

Дозволена е жива музика но, само ако се прави свадба. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пеат помеѓу гостите. Дозволено е играње на подиумот со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице и со почитување на препорачаната дистанца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk