По веста во грчките медиуми дека Грција ќе блокира три меморандуми заради твитот на премиерот Зоран Заев за македонската фудбалска репрезентација, веднаш следеше извинување од македонскиот премиер.

Премиерот Зоран Заев вчера за време на Економскиот форум во Скопје се извини до Грција што напишал „македонска фубалска репрезентација“, зошто, според него, тоа било спротивно на Преспанскиот договор.

– некогаш се случува да направам грешка имам 46 години се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш, рече Заев.

Но тој не е единствениот функционер од владата за кој репрезентацијата во тоа време беше македонска. И вицепремиерот Љупчо Николовски, напиша македонски репрезентативци.

„Деновиве сите го живееме сонот од наше детство. Македонските репрезентативци без разлика на конечниот резултат се веќе победници и наши херои!“ напиша Николовски, па нејасно е дали и тој ќе се извини и ќе каже дека погрешил.