logo
logo
logo

Дали Град Скопје ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА?! Шилегов има милионски договор со фирмата на синот на Муса Џафери

Vecer | 24.09.2021

Дали Град Скопје ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ СТРУЈА?! Шилегов има милионски договор со фирмата на синот на Муса Џафери

Дали Град Скопје ќе има редовно и навремено снабдување со електрична енергија, е прашањето кое се поставува откако од првиот човек на регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимоски беше најавено дека може да биде одземена лиценцата на „У Повер“ компанија за снабдување со струја која тендерот го доби за цена од 1,1 милиони евра.

Договорот меѓу Град Скопје е склучен во првата половина на мај годинава, а вредноста на договорот е 1,1 милиони евра.

Договор за снабдување со оваа компанија има и МЕПСО и тоа за снабдување на сопствените потреби (дирекција и трафостаници), а договорот е вреден речиси половина милион евра. Договорот е на сила од втората половина на јануари оваа година.

Со оваа компанија договор лани во ноември склучила и Царинската управа. Вредноста е слична како и кај МЕПСО, цирка половина милион евра.

„У Повер“ ДОО Скопје, според пишувања на некои медиуми, е сопственост на Арианит Џафери, синот на Муса Џафери, поранешен вицепремиер од ДУИ и на Фитим Ибрахими, син на сопственикот на градежната фирма АК Инвест.

Извор: Фактор

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk