logo
logo
logo

Професор Никола Панов

„Дали Царовска ќе го укине Сердарот, оти се споменуваат КАЧАЧКИ БАНДИ?“

Vecer | 23.03.2021

„Дали Царовска ќе го укине Сердарот, оти се споменуваат КАЧАЧКИ БАНДИ?“

Царовска може да го укине и Сердарот заради историските факти и качачки банди кои пљачкосувале низ Македонија, што е историски факт, вели професорот Никола Панов кој е еден од авторите чиј учебник по географија беше укинат, наводно поради навредлива содржина.

Тој за „Што не е јасно“ на Алфа  вели дека податоците и фактите во неговиот учебник му сметале некому и затоа е укинат иако тоа се факти.

Се прашува дали поради споменување на качачките банди кои ги споменува Приличев во Сердарот, ќе ја укинат и книгата.

- Сега може Царовска да го укине и Сердарот затоа што е пишуван за качаците, или да излезе некој друг и да каже Сердарот не важи и нема да биде изучуван во македонската литература, иако има добиено ловогов венец како награда, тоа не личи на ништо, вели Панов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk