logo
logo
logo

Митева

„Дали 9 пратеници од власта СЕ ПРОТИВ УСТАВНИ ИЗМЕНИ, А ПРАТЕНИК ОД ДУИ БАРАЛ ПАРИ?“

Vecer | 22.03.2023

„Дали 9 пратеници од власта СЕ ПРОТИВ УСТАВНИ ИЗМЕНИ, А ПРАТЕНИК ОД ДУИ БАРАЛ ПАРИ?“

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на коментарот на Груби дека имаат план како да ја придобијат опозицијата да гласа за уставните измени без притоа да се користат уцени и притисоци потенцираше дека Груби не треба да работи на ВМРО-ДПМНЕ, туку да поработи на тоа дали сите пратеници од неговата втора партија СДСМ, се спремни да гласаат за уставни измени.

-Груби кажа дека работел на тоа цело време да се гласало за уставните измени. Порачуваме да не се мачи, од ВМРО-ДПМНЕ. Груби да поработи на тоа дали сите пратеници од неговата втора партија СДСМ, се спремни да гласаат за уставни измени, вели Митева.

Таа прашува  дали тројца пратеници од првата и втората изборна единица кажале дека ако е на маса ова тие нема да гласаат.

Дали пак 6-мина пратеници од внатрешноста на СДСМ им рекле дека уставните измени, цитирам: се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. Дали еден пратеник од ДУИ побарал пари за да гласа? Груби не треба да работи на ВМРО-ДПМНЕ, Груби треба да си поработи во својот двор, рече Митева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk