logo
logo
logo

Теута Арифи, без грам емоција и без елементарна етика за 14 трагично починати

“Одговорен е Филипче, да имав одговорност за модуларната болница, немаше сега да седам тука како кандидат“

Vecer | 21.10.2021

“Одговорен е Филипче, да имав одговорност за модуларната болница, немаше сега да седам тука како кандидат“

Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат, изјави кандидатката за градоначалник на Тетово Теута Арифи од ДУИ во емисијата 24 анализа. Според нејзе, тетовската трагедија е прашање на институциите кои треба да ги вршат истрагите.

– Многу важно е целото прашање да е осветли и да се откријат причините. И тогаш беше јасно дека во однос на ингеренциите, рековме дека сите модуларни болници се изградени по законот. Институциите да ги завршат сите истраги како што треба за да не се повтори ова. Се базираме врз основа на официјалните извештаи. Институциите се тие кои повикуваат на одговорност. Одговорно за целата реализација било Министерството за здравство. Ако имавме институционална одговорност немаше да седам тука како кандидат – рече Арифи.

Лидерот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами обвини дека „Арифи знае како ги собира гласовите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk