logo
logo
logo

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Апел за помош за малиот борец Василиј Анчев Пејкофски

Vecer | 15.04.2021

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Апел за помош за малиот борец Василиј Анчев Пејкофски

Малиот борец Василиј роден е во 28мата недела од бременоста на 25.03.2021 година, со тежина од 1,320 грама и должина од 44 сантиметри, па тоа им даде на родителите надеж дека еден ден ќе го донесат во својот дом и ќе го гушнат.

Веднаш по раѓањето Василиј е однесен на неонатална интензивна нега каде е ставен во инкубатор на респираторна поддршка. Неговите бели дробови не се воопшто развиени и поради тоа мораше да биде ставен во вештачка кома и префрлен на респираторна машина која ќе дише за него. Терапијата која докторите му ја препиша за развој на белите дробови делуваше одлично и тој херојски ја прифати па за само една недела делумно ги разви белите дробови.

Василиј секој ден јуначки се бори за својот живот и веќе има стабилизирано дишење, а и разбуден е од комата, но за жал неговите проблеми не завршуват тука.

Тој има и проблем со срцето, односно диктусот на неговото срце не се затвораше и му беше дадена новата терапија.

„За среќа нашиот мал борец со голема желба за живот во само 3 дена ја прифати новата терапија и се избори и со оваа голема битка и неговото мало срценце оздраве што уште повеќе ни даде надеж на сите. Толку е мал а толку голем борец и јунак, во само 7 дена се избори со две големи битки во животот, но животот сега му даде уште една нова во која сите веруваме дека ќе успее да победи“, вели мајката Симона Анчева.

Поради своето предвремено доаѓање на овој свет тој сега доби крварење во главата кое докторите се обидуваат да го излечат и се надеваат дека повторно ќе му ја стабилизираат состојбата. Тој сè уште е во инкубатор и машина за дишење, а веројатно и уште долго време ќе има потреба од нив, но родителите како и докторите се негова голема поддршка и сите веруваат во неговото излекување.

Бидејќи процесот за негово лекување ќе трае долго, можеби повеќе и од 2 месеци, а транспортот во друга поевтина болница е животозагрозувачки за бебето, на семејството му е потребна финансиска помош со цел да го продолжат лекувањето.

Поради тоа доколку сте во можност донирајте на следната трансакциска сметка:

Стопанска Банка АД Битола 500600019060885 – Симона Анчева

За донации од странство – IBAN code: МК07500080014048145 SWIFT: STBBMK22

Или преку порталот GoFundMe – ТУКА

Телефонски донации – Телеком 143-454, А1 143-471

„Нашиот мал херој Василиј им е благодарен на сите што секојдневно веруваат во него и го поддржуваат неговото оздравување“, вели мама Симона.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk