logo
logo
logo

Мицкоски оптимист по враќањето од Берлин: ИМА ИНИЦИЈАТИВИ

Vecer | 16.10.2024

Мицкоски оптимист по враќањето од Берлин: ИМА ИНИЦИЈАТИВИ

Премиерот Христојан Мицкоски има лична дилема дали воопшто треба да го пишува писмото што веќе неколку недели го најавува на повеќе адреси поврзани со Европската унија.

По сите разговори и средби во Берлин и по фактот дека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, на 24 октомври доаѓа во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски не гледа зошто би им пренел писмено нешто што попрецизно и подетално им го пренел лично таму.

Тој потенцира дека од Берлин дошол поголем оптимист – отколку што бил пред да замине.

„Имав исклучително квалитетна посета на Берлин која ме направи поголем оптимист отколку што бев пред тоа. Од разговорите слушнав дека има иницијативи, што ги спомена и министерката Бербок на прес конференцијата по средбата со Муцунски. Се она што го добив и што го испратив како порака има додатна вредност ако се спореди со сотојбата пред да одам, но во интерес на прашањето не би споделил детали“, рече Мицкоски.

Запрашан конкретно што ново предлага по пораката од брифингот на специјалниот преставник Сарацин дека заклучоците на Европскиот совет се јасни, Мицкоски рече дека одбива да коментира брифинзи  за кои тие што ги даваат имаат идеја зошто ги даваат.

„Однесувањето на оваа Влада и моето како премиер ќе разочара само една група луѓе, опозицијата“,  истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk