logo
logo
logo

„Убеден сум дека во заедничката соработка со ЕУ ќе создадеме СОВРЕМЕНО, ОТВОРЕНО И ЕВРОПСКО СКОПЈЕ“

Vecer | 14.11.2025

„Убеден сум дека во заедничката соработка со ЕУ ќе создадеме СОВРЕМЕНО, ОТВОРЕНО И ЕВРОПСКО СКОПЈЕ“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во просториите на Град Скопје оствари значајна и конструктивна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас.

На средбата присуствуваше и првиот советник и раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ, Марија Канелопулу.

-Денес во просториите на Град Скопје остварив исклучително значајна и конструктивна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас, како и првиот советник и раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ, Марија Канелопулу.

Ова беше нашата прва средба по моето преземање на функцијата градоначалник на Скопје, на која разговаравме за клучните можности и идни насоки на заедничка соработка.

Ваквите средби се од голема важност за Скопје.

Тие носат нова енергија, идеи и партнерства кои можат да го придвижат градот напред.

Убеден сум дека заедничката соработка со ЕУ ќе продолжи уште поинтензивно и дека преку координирани активности ќе создадеме современо, отворено и европско Скопје, какво што заслужуваат скопјани, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk