logo
logo
logo

Д-Р ПАНОВСКИ: Земјава доживеа срам со антибиотиците! Луѓе се лекуваа со ТОКСИЧНИ и ЗАБРАНЕТИ лекови

Vecer | 25.05.2021

Д-Р ПАНОВСКИ: Земјава доживеа срам со антибиотиците! Луѓе се лекуваа со ТОКСИЧНИ и ЗАБРАНЕТИ лекови

Почнуваат да се собираат луѓе и во затворен простор, досега оптимистички е дека има паѓање на бројките. Има колективен имунитет некаков, изненаден сум колку брзо третиот бран отиде надолу. За жал, бројот на починати паѓа многу споро. Добро е што луѓето не се собираат во затворен простор, вели д-р Пановски.

- Друго објаснување освен колективен имунитет не можам да најдам. Овој пролетен бран беше посилен, меѓу 60 и 70 % од луѓето биле во контакт со вирусот, пред се млади луѓе. Требаше државата кога виде дека премногу „креативно“ се лекуваат луѓето, не се почитуваат протоколите, да се испрати писмен допис, не може во една болница во Скопје да се дава ивермектин, а во друга да не се дава. Голем срам доживеа државата со антибиотиците, токсични лекови се даваа, забранети, и никаква реакција, освен јас уште неколку доктори, се даваа лекови и кај здрави луѓе. Другите аспекти треба да ги испитаат“, вели д-р Никола Пановски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk