logo
logo
logo

Д-р Пановски: Не очекува МИРНА ЕСЕН БЕЗ МНОГУ ЗАРАЗЕНИ И ПОЧИНАТИ

Vecer | 24.05.2021

Д-р Пановски: Не очекува МИРНА ЕСЕН БЕЗ МНОГУ ЗАРАЗЕНИ И ПОЧИНАТИ

Микробиологот д-р Никола Пановски очекува да имаме мирна есен без голем број на заразени и починати од коронавирусот.

Според него земјава веќе има стекнато колективен имунитет, ако во предвид освен вакцинираните, се земат и оние граѓани кои го прележале вирусот.

- 50 проценти од граѓаните би биле вакцинирани до почеток на август, а 70 отсто до крајот на годинава, ако имунизацијата се одвива со исто темпо како и до сега, рече Пановски за Сител.

Тој воедно упати и апел граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што рече, само така може да ја победиме пандемијата, но според него децата засега не треба да бидат опфатени со процесот на имунизација.

Инаку најновото истражување на Институтот за јавно здравје во Велика Британија покажало дека и Фајзер и АстраЗенека ефикасно штитат против индиската мутација.

Според студијата, Фаjзер била 88, а АстраЗенека 60 проценти ефикасна. Против британскиот сој, Фајзер штитела 93 отсто, а Астра Зенека 54 проценти

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk