logo
logo
logo

Д-р Беќаровски: Бројките паднаа ЗАРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ

Vecer | 01.06.2021

Д-р Беќаровски: Бројките паднаа ЗАРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ

Не се согласувам дека причина за падот на бројките е колективниот имунитет. Како што се зголемува бројот на вакцинирани, требаше да има постепен пад. За 7 дена кај нас има голем пад, тоа се должи на топлото време, според моето убедување, вели проф. д-р Нико Беќаровски, oд Институтот за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.

Според него падот се должи на топлото време бидејќи имавме температури и до 30 степени.

- Британската мутација се појави зимоска и беше позаразна, толку е посклон овој сој во летните месеци да се загуби, а минатите денови имаше кај нас температури и над 30 степени. Оптимист сум дека може годинава да се оди на одмор, рече д-р Беќаровски.

Тој додава дека е  оптимист сум дека може годинава да се оди на одмор, зборуваше и дека пост-ковид синдромот има различни симптоми односно последно се појави пост-ковидна мозочна магла, замагленост на видост, омалаксаност.

- Но има и пост-ковид вертиго, кај оние кои поминаа со полесна форма, манифестирана со вртоглавица. Кај дијабетичарите има дисрегулација на шеќерот. Два до три месеци по ковид има намален број на сперматозоиди, не се знае вирусот кај ќе удри и прави дополнителни проблеми. Хронично зависните од алкохол и во текот на пандемијата не запреа со алкохолот. На Клиника на токсикологија има намален број на млади луѓе пред сè поради рестриктивните мерки. Околу 160.000 има официјално регистрирани кои го прележаа вирусот, уште толку има кои го прележале вирусот без да знаат. Така е и насекаде во светот, но и кај нас пост-ковидот бројката е висока, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk