logo
logo
logo

Д-р Даниловски: Со појавата на омикрон, веројатно ги гледаме последните „трзаи“ на короната на планетата

Vecer | 30.11.2021

Д-р Даниловски: Со појавата на омикрон, веројатно ги гледаме последните „трзаи“ на короната на планетата

Сојот омикрон е исклучително заразен, но веќе се согледува дека предизвикува благи симптоми. Сѐ уште нема податоци како делува на постари и хронично болни лица. Кај нив веројатно би предизвикал потешка болест – исто како кај сезонскиот грип. Затоа, тие треба да внимаваат и да се заштитат, вели д-р Драган Даниловски во разговор за „Фокус“.

– Со појавата на омикрон, веројатно ги гледаме последните „трзаи“ на короната на планетата. Многу скоро – веројатно веќе догодина – ќе се сведе на респираторна инфекција со значење аналогно на сезонскиот грип. Секоја сезона понатаму, ризичните групи ќе треба да се вакцинираат не само против сезонски грип, туку и против ковид, вели доктор Даниловски.

Во однос на тоа дали треба да се преземаат нови рестриктивни мерки, доктор Даниловски тврди дека вирусите и нивните варијанти не ги почитуваат националните граници.

– Но, можно е ширењето да се забави. Сите 27 земји-членки на Европската унија во петокот се согласија привремено да го прекинат патувањето од седум јужноафрикански земји. Соединетите држави, исто така, го ограничија патувањето за неамерикански државјани од Јужна Африка и седум други земји од понеделник наваму. Израел воведе карантин од 14 дена за секој што влегува во земјата – не само од јужно-африканските земји.

Ограничувањата за патување може да помогнат да се забави ширењето на варијантата. Но, бидејќи првите случаи во Боцвана беа откриени во средината на ноември, а летовите дури сега се запираат, може реално да се претпостави дека омикрон веќе е транспортиран во други делови на светот, вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk