logo
logo
logo

Д-р Даниловски предупредува: ПИКОТ на третиот бран не чека за ДВЕ НЕДЕЛИ

Vecer | 03.04.2021

Д-р Даниловски предупредува: ПИКОТ на третиот бран не чека за ДВЕ НЕДЕЛИ

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за околу две недели, некаде кон средината на април. Но, како што истакна во вестите на Канал 5, д-р Даниловски за да стигнеме до пикот имало период на качување. Сега треба да очекуваме уште еден толкав период на симнување, значи уште пет-шест недели.

Тој смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него којзнае колкав ќе бил бројот на заразени и починати.

– Се намалија социјалните контакти и се спречи ширењето на вирусот, вели Даниловски.

Тој вели дека здравствените власти постојано информираат дека здравствениот систем не е под толкав притисок и дека има слободни кревети. Но, како што вели докторот, што е со медицинскиот персонал, и здравствено и емотивно тие се истоштени, а се истите кои постојано работат.

Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.

– Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика, вели д-р Даниловски за Канал 5.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk