logo
logo
logo

Д-р Беќаровски: Се гледа крајот на пандемијата, очекуваме мирна пролет

Vecer | 21.01.2022

Д-р Беќаровски: Се гледа крајот на пандемијата, очекуваме мирна пролет

Се гледа крајот на пандемијата, очекуваме мирна пролет, изјави во вечерашното гостување на ТВ Телма д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија. Тој вели дека сите кои истовремено се комплетно вакцинирани и го прележале вирусот, во моментов можат мирно да спијат. -Може да се заразат, меѓутоа за два-три дена се ќе помине, без многу трчање и паника. Има претерано голем број пациенти по клиниките. Паниката да спласне, за два-три дена се смируваат работите, барем за вакцинираните и тие кои прележале Ковид-19. Државата обезбеди вакцини и рестрикции, меѓутоа сега животот оди понатаму, појаснува д-р Беќаровски. Во однос на маските во училиштата, докторот смета барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето. -За затворените простории нема дебата, барем во моментов – мора да се носат, категоричен е Беќаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk