logo
logo
logo

Д-р Беќаровски: Ковид сертификатите се смешни во ерата на омикрон, да бидеме први и времено да ги суспендираме

Vecer | 20.01.2022

Д-р Беќаровски: Ковид сертификатите се смешни во ерата на омикрон, да бидеме први и времено да ги суспендираме

Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на КОВИД сертификатот Т во дадениов момент, прашува д-р Нико Беќаровски.

Тој вели да бидеме лидери во Европа барем во нешто и бидејќи омикрон покажа дека сертификатите немаат значење да бидеме во првите кои ќе ги суспендираат.

- Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат.  Да 100% точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати. Место барање на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура. Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, ќе Ве замолам размислете и ставете ја на дневен ред оваа идеја. Покажете малку оригиналност, пишува на ФБ, д-р Беќаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk