logo
logo
logo

Д-р Беќаровски: И по година и пол нема протокол за лекување КОВИД пациенти

Vecer | 24.09.2021

Д-р Беќаровски: И по година и пол нема протокол за лекување КОВИД пациенти

Македонија и по година и пол нема донесено протокол за лекување на Ковид пациенти за матичните лекари. Таков протокол има само за болниците, рече вечерва при своето гостување на Канал 5 телевизија доктор Нико Беќаровски.

- Јасно им е кажано на матичните лекари дека во првите пет дена од заразувањето, не смее да си играат со сумамед и дупли дози. Кај нас секој матичен лекар води своја политика. Некој дава антибиотик, некој ги тера на енормни токсични дози на витамини, а првите пет дена ни се клучни. Понтаму, требаше да се направи Ковид центар во секој здравствен дом каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка, а не да одат во болниците на преглед. Проблемот е што ние не направиме протокол за матичните лекари, а и ним ќе им биде полесно ако имаат точни насоки. И тие ќе беа заштитени. Лутаат и тие и пациентите, им вршат притисок. Ќе слушне дека комшијата испил шест Сумамеди и му било подобро и инсистира да му биде и него препишано, вели Беќаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk