logo
logo
logo

Црвенковски: Македонија е корумприрана и длабоко поделена држава која живее на кредити

Vecer | 27.09.2021

Црвенковски: Македонија е корумприрана и длабоко поделена држава која живее на кредити

Поранешниот премиер и претседател на државата (2004-2009), Бранко Црвенковски упати днеска апел до МАНУ, стопанските комори и граѓанските организации да почнат иницијатива за национална платформа која, како што рече, ќе ги дефинира клучните проблеми и цели на државата, со прецизни рокови за нивно надминување и сполнување и до која би се придржувале сите политички субјекти, независно од тоа дали се на власт или во опозиција.

Говорејжи на дебатата на МАНУ „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941-1991/1991-2021“, Црвенковски го повика актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој беше советник во неговиот претседателски кабинет, како натпартиска фигура да покрене иницијатива за посттигнување таква национална платформа, за која рече дека се сомнева дека би можеле да ја иницираат политичките партии, имајчи ги предвид нивните капацитети.

Овој апел на Црвенковски, во неговото прво појавување во јавноста по подолго време, следеше откако тој упати силна критика за состојбите во државата, посочувајќи, според него, три главни ограничувачки фактори за нејзината иднина и просперитет: Изразена корумпираност, длабока поделеност на општеството и голема задолженост.

„Македонија е корумпирана држава, а во корумпирана држава нема еднаквост пред закони, нема фер пазарна економија, нема квалитетно образовани, каде што дипломите се заслужуваат, а не се купуваат, нема ни квалитетно здравство, ниту довеба во институции. Во корумпирана држава нема доминантен систем на општествени вредности за да се исчекори напред. Второ, Македонија е внатрешно длабоко конфронтирана и поделена држава, во која партиите не се гледаат како конкуренти, туку како неприатели што треба да се уништат меѓу себе и во која не може да се постигне консензус за ниту едно битно прашање. И трето, Македонија е држава која живее на кредити, а кој живее на кредит, умира на рати. А, каде завршија парите од тие кредити – дали во инфраструктура, во подигање на квалитетот на јавното здравство…, Факт е дека голем дел од овие средства отидоа во апсолутно непродуктивни трошоци“, оцени Црвенковски.

Според експретседателот, со национална платформа треб итно да се дефинираат начини и средства за елиминирање на корупцијата, а прво да се преспита, како што рече, коруптивното финансирање на партии и да се донесе ригиден закон за испитување потекло на имот, а птоа да се предвидат и механизми за намалување на надворешниот долг на државата на подносливо ниво.

Црвенковски рече дека треба да се предвидат и механизми како што поскоро да ја исполниме целта за членство во ЕУ, но и алтернативи за самоодржливост и самостоен развој и просперитет на земјата, во случај приемот во Унијата да се одолговлече или евентуано во ситуација да запре проширувањето.

„Во последните години често слушам една реченица што многу ме погодува: ’Не не бидува како држава, ниту ќе не биде’. Оваа реченица многу ме погодува затоа што знам дека не бидува и дека можеме, само прашање е дали сакаме. Слушам и една мантра што постојано се повторува а то е дека членството во ЕУ нема алтернатива. Да се разбереме дека не сум поборник на алтернативи за приклучување кон Исток или кон Запад, ама, еве да речеме, што ако самата ЕУ реши дека нема веќе да се проширува. Што ќе правиме тогаш? дали ќе се самоукинеме и самопоништиме? Не, туука клучното прашање е дали во таков случај имаме капацитет да се развиваме како суверена и самостојна држава, да исполнуваме стандарди – не затоа што Брисел така ни нала, туку затоа што сами сакаме да живееме во подобра држава. Дали мора некој од надвор да ни каже дека судството треба да биде независно, а медиумите слободни… Ако живееме според максима ’НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни’, ништо не правиме,“ рече Црвенковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk