logo
logo
logo

ЦРН ДЕН ЗА КИЧЕВО: Четворица починати од Ковид-19

Vecer | 16.04.2021

ЦРН ДЕН ЗА КИЧЕВО: Четворица починати од Ковид-19

И покрај стагнацијата и благиот пад на бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево, сепак драстично е зголемен бројот на смртни случаи. Како што информира д-р Неџат Балажи, само во текот на денешниот ден во модуларниот ковид центар во Кичево починати се четири лица на возраст од 59 до 73 години.

-Во нашата Општа болница се бележи стагнација од новозаболени лица, така од денес 23 тестирани, позитивни се десет лица или под 50 проценти, што е добар предзнак за наредните денови, кога очекуваме смирување на третиот бран. Дополнително потврда дека бројот на заболени е во благ пад е и денешниот број пациенти кои извршиле ренген снимка 36, кај 90 проценти од нив состојбата е далеку подобра за разлика од претходните петнаесетина дена, Балажи, началник на оддел, кој посочи дека во овој момент проблем во лекувањето на заболените е недостатокот на реагенси за проверка на д-димери.

-Деновиве поради зголемената потрошувачка на реагенси д-димери, имаме нивен дефицит и моментално вакви реагенси позајмуваме од лабораторија, единствено за пациентите кои се згрижени во нашиот ковид центар, додека за останатите пациенти очекуваме реагенси да добиеме во текот на наредната недела и како што сум информиран нивниот недостаток е проблем во сите здравствени установи, додава Балажи.

Што се однесува до бројт на имунизирани во Општина Кичево, лекарот информира дека до денеска во Кичево се имунизирани 400 пациенти и сите без никакви последици ја поднеле вакцината, а на залиха се уште им преостануваат 100 вакцини од првата пратка и 100 вакцини примени во текот на оваа недела, со кои ќе се продолжи имунизацијата следната недела.

Во модуларниот ковид центар денеска се хоспитализирани 38 лица, повеќето на кислородна подршка и со потешка клиничка слика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk