Најстраиот зачуван верски храм

Црква од Голо Брдо на сајтот на Православната Христијанска Мрежа во Северна Америка

Црквата „Свети Ѓорѓија" во селото Врмица е изградена во 1823, а камбаната е поставена 1909 година, но таа сега е падната и се чува во црквата.

Црква од Голо Брдо на сајтот на Православната Христијанска Мрежа во Северна Америка.

Црквата „Свети Ѓорѓија" во селото Врмица, Голо Брдо е промовирана на веб-страницата на Православната Христијанска Мрежа во Северна Америка.

Црквата е изградена во 1823, а камбаната е поставена 1909 година, но таа сега е падната и се чува во црквата.

- Селото Врмица, или ние како си го нарекуваме по наш дијалект, Врница е едно од 22-те села во областа Голо Брдо. Во многу наши села се уште се зачувани црквите иако за жал со оштетувања. Моја желба беше и таа се оствари, овој божји храм да се промовира за да знае светот дека на овој простор живееле и се уште живеат православни Македонци. Оваа црква ја избрав поради нејзиното значење зашто е најстара од зачуваните, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден".

Во селото некогаш живееле 100 семејства сите православни Македонци, денес има само едно, на Спиро Марку, кое брои шест членови.

Освен црквата „Свети Ѓорѓија" во оваа област се уште се зачувани црквите „Света Недела" во Мало Острени, „Света Петка" во Клење, „Свети Никола" во Ѓиноец, „Свети Ѓорѓија" во Стеблево, „Свети Јован Златоуст" во Пасинки, како и црквите „Свети Спас" и „Свети Ѓорѓија" во Горно Крчишта и „Свето Преображение" во Ербеле, села во рамничарскиот дел на Пешкопеа, област каде што некогаш жовееле голем број Македонци.

Поврзани

Најнови вести

Коментари