logo
logo
logo

CNN Турција: Се апси мрежата на Седат Пекер во Истанбул, кому македонското МВР му издаде пасош (ВИДЕО)

Vecer | 09.04.2021

CNN Турција: Се апси мрежата на Седат Пекер во Истанбул, кому македонското МВР му издаде пасош (ВИДЕО)

Во пет окрузи во Турција во моментов се спроведува акција за апсење на лица, меѓу кои централната е во Истанбул. Како што се известува опфатени се 63 лица, а се сомничат за злосторничко здружение за организиран криминал, објави Си Ен Ен Турција

Според информациите меѓу осомничените лица е и Седат Пекер, кој  е надвор од земјата.

Два дена претходно во Македонија 9 службеници на МВР сее приведени под обвинение дека издавале лажни документи за државјанство. Помеѓу лицата со лажно државјанство се наведува и Седат Пекер., стои во објавата.

Акцијата на 212 адреса ја спроведуваат екипите на истанбулската управа на полицијата за борба против организиран криминал, а лицата се сомничат за приведување на осомничени лица за кои утврдиле дека биле активни на територијата на градот во кривични дела како „злосторничко здружување“, „киднапирање“, „тешка кражба“, „изнуда“, „мито“, „закана“ и „нанесување телесни повреди“, „закана“ и „лишување од слобода“.

Како што се наведува, во акцијата се користени беспилотни летала за надгледување, со поддршка од тимови за специјални операции, при што се приведени многумина од осомничените, а потрагата продолжува на предвидените адреси.

Исто така, се наведува дека Седат Пекер е надвор од земјата. Полицијата врши претрес во вилата на Седат Пекер во истанбулската населба Бејкоз. Се пребарува и неговиот луксузен џип во вилата.

Во пет окрузи, чиј центар е Истанбул, се спроведува операција чија цел се Седат Пекер и негови луѓе. Полицијата утрово во раните часови влезе во вилата на Пекер во Бејкоз. По влегувањето екипите почнаа пребарување во вилата. Полицијата врши претрес и во возилата што се затекнати во вилата, при што до детали се прегледува луксузниот џип затекнат во вилата.

https://youtu.be/QVNk9jonWbI

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk