ЦК на ВМРО - ДПМНЕ: Завршивме со клиентелизмот и Мијалковизмот и останатите, партијата се чисти (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на прес-конференција по завршувањето на Централниот комитет потврди дека од партиските функции се разрешени Митко Јанчев од потпретседател на партијата и Константин Богданов од член на извршен а на општинските комитети им препорача да отворат дисциплински постапки против Сашо Мијалков и Никола Тодоров и истите да ги исклучи од партија.

Тој напомена дека се одлучиле на ваков чекор поради притисоци и закани кон пратениците да гласаат за промена на Уставот со цел промена на името.

Тој воедно ја честиташе и новата како што кажа криминална коалиција помеѓу Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ инаку добил целосна поддршка на Централниот комитет на партијата. Според извори на ВМРО ДПМНЕ едногласно била отфрлена потребата од вонреден конгрес.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари