logo
logo
logo

Чулев бара одговорност од Спасовски за лажните пасоши: „Oставив речиси комплетирана истрага“

Vecer | 06.04.2021

Чулев бара одговорност од Спасовски за лажните пасоши: „Oставив речиси комплетирана истрага“


Ексминистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев му порача на актуелниот прв човек на МВР, Оливер Спасовски да си поднесе оставка по случајот со издавањето на лажни пасоши кои завршиле кај 215 членови на криминални групи.

Чулев вели дека е недозволиво за земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели со активности на сите континенти.

❗️Недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка…

Posted by Наќе Чулев on Tuesday, April 6, 2021

На социјалните мрежи Чулев пишува дека наведената истрага била речиси хибернирана во периодот кога стапил на функцијата министер за внатрешни работи, но со целосна посветеност на колегите, и покрај, како што вели, сите опструкции во периодот на техничката Влада, бил даден максимум за нејзино реактивирање.

„Истрагата беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета. Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност“, пишува Чулев.

Тој бара од Спасовски да понесе морална и политичка одговорност, и да ја препушти функцијата на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk