logo
logo
logo

“ЧИСТКА“ ВО МНР - ОТКАЗ ЗА ДВАЈЦА ДИПЛОМАТИ

Vecer | 21.09.2021

“ЧИСТКА“ ВО МНР - ОТКАЗ ЗА ДВАЈЦА ДИПЛОМАТИ

По скандалот со дипломатот Миленковски - 2 лица ќе добијат отказ, за 6 дипломати е ограничен пристапот до куќата, а уште 116 вработени чекаат документ од безбедносните служби.

Шефот на дипломатијата Османи денеска објави дека за 2 лица ќе има прекин на работниот однос, едниот поради тоа што му е одбиено барањето за безбедносен сертификат, а другиот поради тоа што користел несоодветен документ.

Уште 6 дипломати го пропуштиле рокот за обнова на сертификатите и имаат рок од 7 дена да поднесат барање, во спротивно и тие ќе добијат отказ. 116 вработени пак  навремено поднеле барање до безбедносните служби, но поради доцнење на службите, 61 од нив веќе работат со истечени сертификати.

- Едно лице коешто не го помина ветингот. Реков дека од денеска е почната процедура за прекинување на работниот однос, ќе видиме како ќе се одвива таа постапка. Второт лице кое што имал несоодветен сертификат, исто така. Другите лица според нивно кажување поради технички , не аплицирале за ресертификација и покрај тоа што се доближувал рокот од 6 месеци, па истекол безбедносниот сертификат, па тие се уште не поднеле, на нив повремено им е ограничен пристапот до документи во МНР. - изјави Бујар Османи.

Апсењето на македонскиот дипломат во Србија потегна ветинг во министерството за надворешни работи, но одговорност за скандалот засега нема. Вчера вицепремиерот  Димитров побара да се каже како дипломатот Миленковски заврши по втор пат во ОБСЕ Виена, имајки го предвид неговото скандалозно однесување и Интерпол потерницата.

- Моја насока беше во првата група дипломати кои ќе што ќе заминат во Виена, да бидат тие што имаат најмалку еден мандат во ОБСЕ претставништвото. Зошто бил пратен во ОБСЕ претходно ќе одговори министерот што го пратил. Меѓутоа мојата насока беше услов за првата група наши дипломати, со цел квалитетно да почнат подготовките за претседавањето со ОБСЕ, да бидат дипломати коишто најмалку имале еден мандат во ОБСЕ. - изјави Османи.

Османи веќе неколку пати изјави дека воопшто не бил известен за случајот со Миленковски и го впери прстот до безбедносните служби.

Топката со вина се префрла помеѓу институциите, поминаа повеќе од 20тина денови  но одговорност засега никој не презема, дури ни на најниско ниво. Министерот Османи денеска кажа дека дипломатот на своја одговорност без да биде повикан, по само 5 дена од службата во Виена тргнал кон Македонија и беше уапсен во Србија. Телевизија 24 побара одговори од АНБ и директорот Димовски, но одговори нема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk