logo
logo
logo

Четврток е неработен ден бидејќи се празнува Св.Климент Охридски

Vecer | 06.12.2022

Четврток е неработен ден бидејќи се празнува Св.Климент Охридски

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека четврток, 8 декември е празник и е неработен гден за сите граѓани. Во соопштението се потсетува дека  согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), Свети Климент Охридски е државен празник и е неработен ден за сите граѓани. Климент Охридски е еден од првите словенски просветители, научник и писател.Тој бил основач на Охридската книжевна школа попозната како „Прв словенски универзитет", од кој излегле 3.500 подготвени ученици. Повеќето словенски народи го сметаат за покровител на образованието и јазикот. Се смета дека бил прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички. Денес Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, на  градот Охрид и на Македонската православна црква.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk