logo
logo
logo

Четири позитивни случаи меѓу патниците кои со автобус се вратија од летување во Грција

Vecer | 23.07.2021

Четири позитивни случаи меѓу патниците кои со автобус се вратија од летување во Грција

Четири позитивни случаи на ковид-19 досега се откриени меѓу младите патници, кои пред неколку дена се вратија со автобус во земјава по летувањето во Грција. Заболените патници се меѓу дваесетте лица кои се ставени во изолација, информираше денеска д-р Марија Гочевска од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Таа рече дека изолацијата е направена според протоколот во зависност од контактите кои ги имале и дека станува збор за млади лица кои биле на летување во Грција.

Гочевска посочи дека освен шоферот и двајцата водичи ниту еден од патниците кои се во изолација не бил вакциниран.

„Лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале 14 дена од последната доза на вакцината не подлежат на изолација, но тоа не значи дека тие не треба да посветат внимание на евентуална појава на симптоми,“рече Гочевска.

Таа потсети дека за да се спречи растот на заболени неопходно е да се почитуваат мерките за заштита р како носењето маска во затворен простор, избегнување на групирање и зголемување на опфатот на вакцинација.

„Опуштањето не треба да биде сто проценти, бидејќи вакцинација не дава стопроцентна гаранција дека некој нема да заболи“, додаде Гочевска.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова, за МИА претходно изјави дека доколку се процени дека и другите патници кои биле во автобусот се со среден или висок ризик и тие ќе добијат решенија за изолација.

Во автобусот кој од Грција пристигнал во државава на 20 јули имало 27 патници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk