logo
logo
logo

Четири града имаат над 1.000 активни заразени - ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА

Vecer | 08.04.2021

Четири града имаат над 1.000 активни заразени - ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА

Со вчерашните бројки вкупната цифра на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 137.728, на оздравени 111.765, а на починати 4.072. Бројот на активни случаи вчера изнесуваше 21.891.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 29 март до 4 април регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 6,9 отсто во однос на претходната седмица.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 21 до 35,2 отсто или во просек 29,3 отсто, со зголемување за 1,7 отсто во однос на претходната недела. Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови или за 27,5 отсто повеќе во однос на претходната недела.

Според вчерашните податоци, на инфективните оддели во земјава беа хоспитализирани 1740 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот и имаше околу 260 празни болнички кревети.

Во вакви услови, како што најави министерот Филипче, од денеска осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи.

– Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во исто време, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) покрена иницијатива до Уставниот суд за утврдување на уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања, односно признавање на Ковид-19 како професионално заболување со цел секој работник да може да ги оствари своите права при евентуално заболување со вирусот.

Здружението бара од Уставниот суд да ја поништи постоечката одредба и да донесе нова со која секој работник кој работи на место каде има зголемен ризик од заразување со Ковид-19, да може да ги оствари своите уставно загарантираните права доколку се зарази со вирусот.

Податоците на Евростат покажуваат дека во текот на минатата година во Европската унија опаднал очекуваниот животен век на граѓаните. Според Еуростат, најголем пад има регистрирано во Шпанија, каде животот е пократок за 1,6 година во споредба со 2019 година. По неа е Бугарија со загуба од 1,5 година, а ја следат Литванија, Полска и Романија, каде е регистрано намалување на животниот век за 1,4 година. Данска и Финска се единствените земји од ЕУ што забележаа зголемување на очекуваното траење на животот, од само 0,1 година.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 61556, активни 10838

Прилеп 7399, активни 1055

Куманово 7351, активни 1150

Тетово 6571, активни 680

Битола 5030, активни 1149

Велес 4826, активни 813

Гостивар 4752, активни 524

Кавадарци 4695, активни 733

Штип 4458, активни 484

Охрид 4384, активни 804

Струмица 3466, активни 445

Струга 2763, активни 272

Кочани 2384, активни 281

Кичево 2148, активни 264

Неготино 2014, активни 360

Гевгелија 1967, активни 404

Свети Николе 1333, активни 133

Крива Паланка 1119, активни 112

Ресен 1093, активни 218

Радовиш 970, активни 145

Берово 922, активни 149

Дебар 880, активни 55

Делчево 877, активни 105

Пробиштип 725, активни 84

Виница 660, активни 97

Валандово 566, активни 102

Крушево 445, активни 123

Богданци 431, активни 71

Демир Капија 375, активни 61

Кратово 339, активни 26

Демир Хисар 336, активни 44

Македонски Брод 322, активни 49

Пехчево 239, активни 28

Македонска Каменица 212, активни 16

Дојран 120, активни 17

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk