Честит 11 октомври - Илија Милчин: Партизаните не се бореа за комунизам, туку за национална слобода! (ВИДЕО)

Илија Милчин е едно од најголемите имиња во македонската драматургија. Со својата работа овој човек има оставено траен белег во македонската култура и креирањето на соверемената македонската драматургија.
Тој се сеќава на македонската народноослободителна борба затоа што е нејзин современик. Многумина сакаат да прикажат дека во Македонија на 11 октомври почнала комунистичка револуција, но во видеото кое ви го прикажуваме, современикот на овие настани е јасен: Тоа не беа комнунисти, туку луѓе со илинденски идеали.
- Партизаните македонски не се борци за комунизам, болшевизам, ами пред се се борат за национално ослободување македонско - вели Милчин.

„Значи, ако јазикот ни е единствена татковина, како што ни остави завет Блаже Конески дојде час поскоро да ја вклучиме за употреба и лексиката од нашите егејски и пирински браќа, и во најбрз можен рок, да создадеме клима во која секој образован Македонец, кој зборува на лош, нечист и беден во изразното богатство јазик, ќе биде изложен на потсмев, ако не и на презир. А зошто само ние такви колнатици кои одиме против себеси и сме упорно вљубени, та пекаме по се што не е наше туку купечко"?

Професорот Илија милчин е директен учесник во многу настани поврзани со кодификацијата на македонскиот литературен јазик, и неговото писмо.

Како директен учесник на јазичните преговори во Врановци, Милчин во 1944 година ќе каже: „Мнозинството од нас, учесници во јазичните дискусии во Горно Врановци во септември знаевме дека Даре Џамбаз, во бугарскиот затвор има наврт на македонската граматика и азбука. Др. Шоптрајанов беше еден од ретките лингвисти кои знаеа за Мисирков. Јазичните дискусии ги водеше Конески. Ова беше во надлежност на поверенството за информации раководено од Панко Брашнаров и 54 души. Речиси до крајот работеа Џамбаз и Венко Марковски.

„А и најповршната анализа на нивниот јазик покажува недвосмислено дека тоа не е бугарски јазик. Прличев на пример, никогаш не научил добро бугарски, па на своите ученици во Солун главно им предавал на охридскиот говор.

Поврзани

Најнови вести

Коментари