logo
logo
logo

Чекавме еден час, никој не излезе да ни помогне вели семејството на човекот кој почина чекајќи во тетовската болница

Vecer | 01.04.2023

Чекавме еден час, никој не излезе да ни помогне вели семејството на човекот кој почина чекајќи во тетовската болница

Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера навечер починал во тетовската болница, затоа што не добил помош од лекарите, објави вчерaвeчер порталот на албански јазик Тетовасот. Станува збор за шеесет годишен маж од Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот.

Доле чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час, изјави еден од членовите на семејството, за Тетовасот.

Директорот на тетовската болница, Плумб Вела, за МИА информираше дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило.

Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот, изјави директорот Плумб Вела.

Директорот Вела е нов раководител на Клиничка болница, а на таа функција е само неколку дена односно од 28 март.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk