logo
logo
logo

ЧАВКОВ ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА, ноќта ја поминал во модуларната во Штип на кислородна поддршка

Vecer | 13.04.2021

ЧАВКОВ ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА, ноќта ја поминал во модуларната во Штип на кислородна поддршка

Митко Чавков екс директор на БЈБ ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, и  попладнево е веќе спроведен во приватна болница во Скопје.

Ова го потврдува Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА, според кого вчера откако му се влошила здравствена состојба на Чавков и имал ниска сатурација при прегледот од затворскиот лекар, веднаш е хоспитализиран во модуларната болница, каде што добил и постојана кислородна поддршка.

На барање на семејството и по препорака на штипските инфектолози Чавков е спроведен до приватната болница на болнички третман.

Деновиве во штипскиот Затвор кластерот се зголеми со уште двајца новозаразени осуденици, со што бројката се искачи на седум. Меѓу позитивните на коронавирусот се и поранешниот началник на специјалните полициски сили, Митко Пешов и Никола Митревски-Кољо.

Според затворскиот лекар, здравствената состојба на останатите осуденици е добра и се изолирани во три посебни простории.

Инаку, 13 осуденици поради контакт со заразените се во изолација, засега немаат пројавено симптоми на коронавирусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk