logo
logo
logo

Чаирскиот градоначалник Ганиу, кривично да одговара, бара антикорупциската комисија

Vecer | 03.02.2023

Чаирскиот градоначалник Ганиу, кривично да одговара, бара антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поведе кривична постапка против градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, поради сомнение дека ги злоупотребил службената положба и должност. Тие сметаат дека градоначалникот на општина Чаир со непостапување, а заедно со овластен градежен инспектор, овозможил корист за друго лице. Според Владимир Георгиев, член на антикорупциската, самото непостапување и неодговарање на дописите на Државниот градежен инспекторат и ДКСК создале сомнеж дека се знаело за објектот, но не се постапувало. Предметот е доставен од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Доставена е и претставка до овластениот градежен инспектор во Општината Чаир, а од градоначалникот е побарано да ги преземе сите предвидени дејства. Од антикорупциската се обратиле до Општина Чаир, но не добиле одговор. Претходно, ДКСК побара кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, и членовите на централната комисија поради злоупотреба на системот за финансирање спортски клубови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk