logo
logo
logo

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Vecer | 13.04.2021

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра


Министерот за здравство Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната седница на владата на дневен ред ќе бидат измените на Законот за здравствена заштита со кои се предлга цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравство (ФЗО).

„Со измените во Законот, дијагонстицирање и лекување на ковид-пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари (н.з. од 650 до 5.000 евра)“, се наведува во објавата на министерот.

Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да…

Posted by Венко Филипче on Вторник, 13 април 2021

Тој појаснува дека државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид-19.

„Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја“, посочува министерот, притоа повикувајќи ги сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на регулацијата на цените за здравствени услуги на ковид-пацинети во приватните болници.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk