logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„ЦЕНИТЕ РАСТАТ, ЖИВОТОТ ПОСКАП, а Заев вели дека тоа е најдоброто“

Vecer | 21.10.2021

„ЦЕНИТЕ РАСТАТ, ЖИВОТОТ ПОСКАП, а Заев вели дека тоа е најдоброто“

Цените во продавница ќе растат и за 50%, горивата ќе надминат 80 денари за литар, а Заев вели тоа е најдоброто. Од лани до сега цените на млекото, месото, зејтинот, брашното и другите основни намирници во малопродажба се покачени и до 20%, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.

Од партијата потенцираат дека животот е се поскап, а стандардот ист, дури и тоне.

- Заев не успеа да се справи со ниту една криза. 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а Заев потроши 1 милијарда тврдејќи дека ќе им помогне, а не помогна ништо. Долгот е толку голем што веќе станува прескап секој нов кредит, истакнуваат тие.

Оттаму додаваат дека  Заев ја втурна државата во должничка спирала, пропратена со инфлаторен вортекс кој голта се пред себе.

- Заев нема план како да ја избегне кризата која сам ја предизвика. 5 години имаме раст на економијата нешто над 1%, буквално се тапка во место, 5 години нема инвестиции, 5 години стагнација, затоа треба да си замине и да ги остави институциите на оние што знаат да ја стават државата на вистински колосек, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk