logo
logo
logo

Целосно вакцинираните Македонци од 25 јуни ќе можат да патуваат во Германија

Vecer | 18.06.2021

Целосно вакцинираните Македонци од 25 јуни ќе можат да патуваат во Германија

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле две дози на вакцина против Ковид-19 да влезат во државата соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Од тој датум, тие ќе можат да влезат во земјата најрано 14 дена по приемот на втората доза.

Патниците можат да влезат во Германија или како туристи, или да ги посетат семејството и пријателите.

Услов за влез е, сепак, да биле вакцинирани со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих каде во моментов, признати се само оние вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Другите вакцини кои нудат слично ниво на заштита ќе бидат додадени на списокот веднаш штом ќе бидат завршени потребните проценки, се вели на веб-страницата на Министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk