logo
logo
logo

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време

Vecer | 12.05.2021

Царовска: Жално е што нашите ученици не се подготвени за предизвиците што ги носи новото време


Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека реформите што треба да се спроведат во образованито не се избрзани, туку дури и задоцнети.

„Ако сме го направеле пред 10 години немаше денеска да бидеме ниско на меѓународните тестирања кои покажуваат не дека нашите деца не можат да научат, туку оти системот на кој ние ги учиме не е соодветен, затоа што меѓународните тестирања бараат поврзување на знаењата од различни научни дисциплини и доаѓање до одреден заклучок. Нашите ученици, жално, но, вистинито, не се подготвени за ваков тип на соочување со предизвиците што ги носи новото време. Концепцијата ќе почне да се спроведува и очекуваме да даде резултати по пет шест години. Паралелно ќе се инвестира во сите три компоненти и инфраструктура, наставни програми и материјали и наставници“, рече Царовска одговарјќи на новинарско прашање при обиколката на инфраструктурните зафати во ОУ „11 Октомври“ во општина Центар.

Според неа, со новата Концепција за основно образование, ученици ќе стекнуваат знаења и вештини преку системи коишто се светски познати, кадешто интеграцијата на содржините и на информациите ќе ги носи кон одредени заклучоци, ќе ги насочува кон преиспитување и истражување.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk