logo
logo
logo

Стојкова-Серафимовска:

Царовска насила ги бутка наводните образовни реформи, покажува големо непознавање

Vecer | 27.05.2021

Царовска насила ги бутка наводните образовни реформи, покажува големо непознавање

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојкова-Серафимовска утрово во „Радио Лидер“, посочи дека министерката за образование Мила Царовска насила ги бутка наводните образовни реформи, покажува големо непознавање од образовниот процеc како и јасно се гледа агендата која се спроведува од страна на власта.

Апсурдно е и сите овие постапки кои се случуват во  моментов во министерството за образование, а кои Мила Царовска насила ги бутка, покажуваат само на едно големо непознавање на она што треба да биде вистинска образовна реформа и образовен процес, вели пратеничката.

Таа порача дека овие наводни реформи кои немаат „ни глава ни опашка“ разбирливо наидоа на силен револт од страна на родителите и затоа имаме тешки неметодолошки постапки во однос на целото спроведување и целата идеја на образовната реформа.

Царовска изјави дека учебниците би се напишале за еден месец, а било кој наставник ако го прашате би ви кажал дека наставно помагало особено за основно образование е сериозно долг процес, не можете во еден месец да се создаде учебник, има насоки кои треба да се следат и истото да биде прегледано од психолог и од сите инстанци,тоа е непознавањето на Мила Царовска, објасни Стојкова Серафимовска.

Таа истакна дека за една реформа е потребен многу долг и детален период, а веднаш по стапување на функцијата Царовска се зафати со реформи каде јасно се гледа нејзината агенда, прво образовната концепција којa сеуште не е завршена во собранието, а таа ја игнорира цела опозиција и цела интелектуална јавност во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk