logo
logo
logo

Царовска на средба со директорите на средните училишта: Tечат подготовките за матурата

Vecer | 21.04.2021

Царовска на средба со директорите на средните училишта: Tечат подготовките за матурата


Средните училишта се подготвуваат за полагањeто на државната матура. На онлајн средбата со министерката за образование и наука Мила Царовска информираа дека постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на завршниот испит.

„ Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици“, рече министерката Царовска.

Обврска на матурските предметни комисии е да подготват испитни задачи по секој предмет и да ги објават најдоцна три седмици пред полагањето. Од тие испитни задачи потоа се изготвува тестот за интерните испити.

Директорите на средните училишта информирале дека целосно ќе бидат спроведени сите безбедносни и заштитни мерки за полагање на матурата. Министерката Царовска била информирана и за текот на наставата како и за другите активности поврзани со воспитно-образовниот процес.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk