logo
logo
logo

Царовска: Интересот за заштита на планетата да се пробуди уште во училишните клупи

Vecer | 22.04.2021

Царовска: Интересот за заштита на планетата да се пробуди уште во училишните клупи


Во глобалната акција за спасување на планетата Земја децата, односно учениците заземаат централно место. Стекнувањето на основните информации преку конкретни истражувања, односно искуствено научени лекции, се основните предуслови да се осознаат проблемите, но и поголем мотив да се делува во насока на заштитата на животната средина, рече министерката за образование и наука Мила Царовска на денешниот настан организиран од Министерството за животна средина, МОН и американската амбасада во Скопје, по повод Денот на планетата Земја – 22 април.

На настанот беше најавено повторно активирање на програмата за заштита на животната средина – ГЛОБЕ, а воедно и промовирано ново издание на Водичот за учители, со цел наставниците во училиштата да го обноват и надградат знаењето поврзано со темата за заштита на животната средина и истото соодветно да го пренесат на учениците.

Царовска потенцираше дека Северна Македонија посветува сериозно внимание на тоа да оваа тема допре до најмладите и во таа насока истата ќе се интегрира во сите нови наставни програми кои се изработуваат согласно новата Концепција за основно образование, а воедно наставниците покрај активностите за време на наставата, ќе имаат можност и преку дополнителни воннаставни активности да ја подигнуваат свеста кај младите за заштита на животната средина.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk