logo
logo
logo

ЦАРОВСКА: Честитки за храброста претседателе Заев, имаме стабилна власт и разнишана опозиција

Vecer | 03.03.2021

ЦАРОВСКА: Честитки за храброста претседателе Заев, имаме стабилна власт и разнишана опозиција

Имаме стабилна власт и разнишана опозиција, објави вечерва министерката за образование Мила Царовска, упатувајќи поздрави и честитки до Зоран Заев во духот на народаната „фалиме усто оти ќе те раскинам“.

– Имаме стабилно парламентарно мнозинство, а доказ за тоа е изгласаната доверба на Владата од пратениците во Собранието. Честититки претседателе Zoran Zaev за храброста да им ставиш крај на лагите на опозицијата и да се соочиме со реалноста. С. Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција. Продолжуваме силно и посветено да работиме на започнатите реформски процеси, напредокот на земјата и градење на силно, демократско и слободно општество, објави Царовска на Фејсбук.

Сигурно „довербата во Владата на Заев“, брзопотезна и без расправа, нема да помине само со поздрави и честитките од Царовска. Тоа им е загарантирано уставно право да се поздравуваат и честитаат на социјалните мрежи да да создаваа розова слика за Македонија.

Но, конкретно за што се честитките?! За обезбедените нула вакцини, за педесетината илјади граѓани кои останаа без работа минататав година, за датумот и бесплатното здравство што го добивме од ЕУ…?

(Д.Г.)


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk