Oбвинителот кој му помогна на Кочан да излезе од притвор ќе одлучува за работата на неговите колеги

Обвинителот Ацо Колевски утрово беше именуван за член на Советот на јавните обвинители во Собранието. Свечената изјава ја даде пред претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери. Колевски беше избран од редот на јавните обвинители, а во Советот дојде на местото на новоизбраниот државен јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Колевски го поднесе барањето за заштита на законитоста кое Јавното обвинителство го достави до Врховниот суд за да му се укине притворот за бизнисменот Сеад Кочан, кој тогаш беше во бегство. Потоа истото Јавното обвинителство во два наврати одлучи дека е ненадлежно натаму да поднесува вакви барања до Врховниот суд, а како единствено надлежен го посочи Специјалното јавно обвинителство, кое ги застапува обвиненијата. Колевски денеска пред новинарите изјави дека постапил законски во случајот за Кочан.

В. М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари