logo
logo
logo

БУНТ ВО ДОМ, Морачанин сака да ја приватизира партијата, објави Нетпрес

Vecer | 13.04.2021

БУНТ ВО ДОМ, Морачанин сака да ја приватизира партијата, објави Нетпрес

Незадоволство од работатата на лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, која ја замени Лилјана Поповска, сопартијците и забележуваат дека не ги претставува автентичните ставови на партијата, како во случајот со градбите на миницентралите и други еколошки спорни проекти во земјата.

Нетпрес објави дека мнозинството активисти се незадоволни од курсот кој го зазема оваа партија на Зелените под водство на Морачанин.

Според порталот, членови на партијата, обвинунуваат и за манипулации во обидите за зачувување на лидерската позиција.

Како што се вели во текстот, тие велат дека сѐ повеќе се оддалечува од изворните принципи на Зелените и истапува како поддршка на проектите и ставовите на коалицискиот партнер во власта СДСМ, односно премиерот Зоран Заев.

Покрај тоа, на лидерката на ДОМ ѝ забележуваат и дека при вработувањето во јавните претпријатија и именувањето во управните одбори протежира свои блиски лица, во обидот да си обезбеди поддршка во партијата.

И покрај тоа Морачанин не може да добие поддршка од мнозинството во Централниот одбор на партијата. Тие велат дека по година иполовина, без кворум по 15 години е направен „насилен и недемократски“ обид за преземање на највисокот партиско тело, во обидот да се спречи иницијативата за изглесување недоверба, пишува Нетпрес повикувајќи се на извори од партијата

„Имено, како што велат упатените, Морачанин направила три безуспешни обида да добие мнозинство во 115-члениот Централен одбор со уфрлување десетици лица кои би ја поддржале. Притоа во третиот обид, и тоа под точката „разно“ бил ставен предлогот за доверба, а поради епидемиолошките мерки на неодамнешниот состанокот биле вклучувани лица онлајн преку мобилни телефони и компјутери и лица кои се целосни анонимуси за останатото членство кое се сомнева во автеничноста на тие гласови, со цел да обезбеди поддршка. Изворите тврдат дека „довербата“ била изгласана од 51 член, што секако не претставува мнозинство во Централниот одбор“, пишува Нетпрес

Во текстот се додава дека  незадоволните од Морачанин велат дека сѐ почесто се забележуваат и обиди за целосно узурпирање и приватизирање на ДОМ, што го поткрепуваат и со фактот дека меѓу неа и другиот пратеник на Зелените во Собранието, Мирослав Богдановски, воопшто не постои усогласност во изнесување на партиските ставови. Поради тоа, велат соговорниците, многу е веројатно дека наскоро ќе биде поведена иницијатива за свикување конгрес на кој поради незадоволството од лидерството на Маја Морачанин ќе ѝ биде изгласана недоверба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk