logo
logo
logo

Бугарските позиции ја вклучуваат бугарската Декларација - БУГАРСКОТО МНР ГО ПОТВРДИ МИЦКОСКИ

Vecer | 07.06.2021

Бугарските позиции ја вклучуваат бугарската Декларација - БУГАРСКОТО МНР ГО ПОТВРДИ МИЦКОСКИ

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ потенцираше дека Бугарија има јасна, конзистентна позиција во однос на Македонија и не ја менува и потврди дека декларацијата е се уште услов.

Тој изјави дека привремената влада се води според Рамковниот став и декларацијата на Националното собрание од октомври 2019 година. Нашата позиција ужива и поддршка од 85 проценти од бугарските граѓани.

Со ова практично се потврди тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски- бугарските позиции ја вклучуваат бугарската декларација.

„Очекуваме правни гаранции за усогласеност со Договорот од 2017 година и конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение на прашањето“, додаде тој.

„Бугарија отсекогаш ја поддржуваше европската перспектива на земјите од Западен Балкан и како земја во регионот јасно сфаќа дека патот кон ЕУ е најсилниот фактор во преминот кон демократско управување“, изјавил министерот за надворешни работи, пренесуваат бугарски медиуми.

„Бугарија отсекогаш покажувала волја за конструктивен и прагматичен дијалог со Скопје. Ние ќе продолжиме да работиме за враќање на довербата “, рече министерот Стоев.

Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите откри детали за преговорите помеѓу Македонија и Бугарија.

Мицкоски истакна дека во игра се неколку сценарија во развојот на настаните со Бугарија, а првото е Македонија да почне преговори на 22 јуни без дополнителни условувања, сценарио кое според Мицкоски е најмалку веројатно.

-Прво решение – ЕУ/ЕС да донесе одлука за отпочнување на преговори на 22.јини без дополнителни условувања, а со дипломатијата која што следи во наредните две недели да се направи притисок врз Бугарија и техничката влада за тиа да отстапат од ветото со што ќе се ослободи отпочнувањенот на преговори ос ЕУ, вели Мицкоски.

Второто можно сценарио Мицкоски го дели во две потточки, а дел од истото е прифаќање условите кои се дел од декларацијата на Бугарскиот парламент да бидат дел од преговорите на Македонија со ЕУ.

-Двоецот Заев-Бучковски преговараат со Бугарската техничка влада за прифаќање на условите кои се дел од декларацијата на Бугарскиот парламент, да бидат дел од преговарачкиот момент, и тоа во првиот фрагмент од преговорите (Фундаменталс). На маса за преговори ќе бидат јазикот, традицијата, историјата, културата што ќе значи дека додека не се прифати ова нема да има почеток на преговори – односно, ова ќе биде почеток без крај. Некаде 23-24.јуни ќе биде даден датум за почеток на преговори но со сите прифатени барања на Бугарија, вели Мицкоски.

-Со ова, секоја идна влада која ќе сака да започне преговори со ЕУ ќе мора да ги прифати овие барања на Бугарија – со други зборови – асимилација, бугаризација или замрзнување на преговорите, додава тој.

Мицкоски посочува и на опасноста бугарската декларација да биде прифатена усно, а потоа врз основа на тие усни гаранции Бугарија да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.

-Втората можност е сето ова да го прифатиме усно, па да добиеме датум, а потоа кога ќе има редовна влада во Бугарија истата да блокира преговори до прифаќање и официјално на барањата од декларацијата на бугарскиот парламент, вели Мицкоски.

Според Мицкоски ова се беше наговестено во интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС.

-За се ова што се договара зад кулисите, нема потреба да има официјализиран договор кој треба да помине на Влада, туку само усен договор. По ова, Македонија веќе нема да има проблем со Бугарија, но ќе има со Европската Унија што е значително посериозен проблем. Практично Заев во интервјуто на БГнес сето ова го навестил. ВМРО-ДПМНЕ нема намера ова да го прифати, ниту сака да го прифати исто како и Македонскиот народ, и не само Македонците но и Албанците, Турците, Власите, Ромите и сите други кои живеат во Македонија, вели Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk