Бугарските барања станаа дел од преговарачката рамка, ова на Твитер го потврди  еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Вархеји напиша дека ЕУ сериозно ги сфаќа бугарските барања и тие се дел од преговарачкиот процес.

„ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски барања и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“, напиша тој на Твитер.