Интересен пример и за македонските институции

Бугарските баби и дедовци ќе гледаат внуци за плата

Во Бугарија стартуваше проектот „Вработени родители", со кој вработените родители, чии деца не се запишани во градинка, ќе можат да аплицираат за средства доколку детето го чува невработен родител или баба и дедо.

Невработените родители, чии деца не се запишани во градинка, ќе мо'ат од бугарското Биро за труд да добијат финансиски средства како дадилки.

Платата на "дадилките" ќе биде минималната и ќе може да се добива во период од максимум 18 месеци. Исплатата ќе биде со европски средства од програмата „Развој на човечките ресурси", соопштува бугарски „Блиц".

Ако жената одгледува две деца во едно семејство, ќе добива 150 проценти од минималната плата, односно 690 лева (352 евра). Пензионираните баби и дедовци, исто така, ќе можат да се регистрираат во канцелариите за труд, за да ги одгледуваат внуците, информираат од Министерството за социјални работи.

Според пропозициите, предност ќе имаат самохрани родители, големи семејства, членови на семејства на социјална помош и други ранливи групи.

Се очекува 1.500 семејства со мали деца да аплицираат и на тој начин да се вработат најмалку 2.000 невработени лица. Целите на програмата се родителите, чии деца не се запишани во установи за згри'ување деца, да можат да се вратат на работа или, ако се невработени, да можат да најдат вработување. Апликантите треба да се грижат за дете до најмногу пет години.

Невработените родители ќе можат да аплицираат за згрижување на деца, но тие ќе мора активно да бараат работа преку заводите за вработување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари